РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛА

Регистрација на возила е запишување на податоци за регистарските ознаки, за пропишаните податоци за возилото и за сопственикот на возилото, во евиденцијата на моторни и приклучни возила.
За да можете да учествувате во сообраќајот на патиштата со вашето моторно возило, тоа мора дае технички исправно и да е регистрирано.
Услов да биде регистрирано вашето моторно возило тоа треба да е технички исправно.
Моторните и приклучните возила можат да учествуваат во сообраќај на пат само ако се регистрирани и имаат важечка сообраќајна дозвола.
Регистрацијата важи 1 година што значи таа треба да се обновува односно продолжува секоја година.
Регистрацијата на возилото се врши според живеаличтето, односно нозителот на правото на користење на возилото.Возилото се регистрира на името на сопственикот односно називот на сопственикот на правното лице.

Во Здружението на возачи “Неготино” се подготвуваат и издаваат сите потребни документи во постапката за Прва регистрација, Продолжување на регистрација,Промена на сопственоста на возилото и Одјава на возилото.