Технички преглед

Заради проверување на техничката исправност на моторните и приклучните возила, се вршат технички прегледи.
На техничкиот преглед се утврдува дали возилото ги има и дали се во исправна состојба пропишаните уреди, а особено уредите за управување, уредите за сопирање, пнеуматиците и уредите за давање светлосни сигнали, уредите за осветлување на патот и на возилото и за испуштање на согорените гасови, дали идентификационите броеви на возилото се совпаѓаат со броевите запишани во сообраќајната дозвола, како и дали возилото ги исполнува и другите пропишани услови за учество во сообраќај.