Документи
Здружението на возачи “Неготино” од Неготино е овластена организација за издавање на Документи кои се неопходно потртебни на сопствениците, односно корисниците на моторни возила при патување надвор од границите на Република Македонија, односно при учество во меѓународниот патен сообраќај.
Со овие Документи се потврдуваат способноста и правото на возачот да го управува конкретното моторно возило, и фактот дека возилото е меѓународно осигурано од автоодговорност.
Документи кои се неопходни за патување во странство се:
- Меѓународна возачка дозвола;
- Дозвола за управување туѓо моторно возило;
- Зелена карта.
Овие Документи можат да се добијат секој работен ден од 07-15 часот во просториите на Здружението на возачи “Неготино”.
Докиментите се издаваат истиот ден кога е поднесено и барањето.
|