Здружение на возачи “Неготино”

Здружението на возачи “Неготино” е невладина и неполитичка организација со целосен правен субјективитет. Здружението на возачи “Неготино” е правно лице со своја жиро сметка,свој печат и штембил. Седиштето на Здружението на возачи “Неготино” е во Неготино на ул. Индустриска “бб. Здружението на возачи “Неготино” е запишано во Централниот регистар на Р.М. како посебно правно лице. Здружението на возачи “Неготино” е формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување и усогласување на своите интереси и вршење на дејности и активности со цел за подобрување на сообраќајната култура,безбедноста на сообраќајот на патиштата,техничката исправност на моторните возила и други прашања од заеднички интерес.Заради заедничко унапредување на својата работа и активности за усогласување на посебните и заедничките интереси и цели, како и за други прашања од заеднички интерес, Здружението на возачи “Неготино” е здружено во Сојуз на возачи на Македонија. Здружението на возачи “Неготино” функционира и работи согласно Уставот на Република Македонија, Законот за здруженијата на граѓани и фондации, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Статут, Договори и други подзаконски акти.

 

 

Пресметај растојанија